Промоторот Еди Херн ја опиша како голем ризик одлуката на Дилиeн Вајт за реванш меч со Александар Поветкин само 13 недели откако беше нокаутиран од Русинот во петата рунда. Вајт забележа два нокдауни во четвртата рунда, но беше завршен со силен аперкат неколку минути подоцна.
„Одеднаш не зборувам за тоа Вајт да стане официјален предезвикувач за титулата на Тајсон Фјури, туку за иднината на целата негова кариера. Многу е опасно да се има таков реванш толку рано, бидејќи нокаутот беше брутален. Но, Дилиен не сака ништо друго. Тој двобој е клучен за неговите шанси да се бори за светската титула, што е негова крајна цел. Тимот на Поветкин нема проблем повторно да се бори толку брзо, затоа што веќе еднаш победија и мислат дека повторно ќе го направат тоа во ноември. Одеднаш, целиот притисок е врз Вајт “, објасни Херн.
Реваншот е на 21 ноември.