Еди Херн: Канело сака да го пензионира Головкин

Британскиот промотер Еди Херн зборуваше за претстојната битка меѓу актуелниот светски шампион во бокс во средна категорија на ИБФ и ИБО Генади Головкин од Казахстан и неприкосновениот светски шампион во суперсредна категорија Сол Алварез од Мексико.

Тие ќе се борат на 17 септември во Лас Вегас. Алварез и Головкин водеа две битки во 2017 и 2018 година. Во првата средба судиите досудија нерешено, што предизвика многу полемики. Во втората борба Алварез победи со одлука, но се уште има сомнежи за неговата победа.

Сега е време за трета пресметка, а Канело сака да го пензионира Головкин.

„Тие не се сакаат, тоа е реалноста. Канело мисли дека Генади кажал некои работи што не требало да ги каже.

Тоа ќе биде само брилијантен натпревар. Две легенди од светот на боксот повторно ќе се соочат една со друга.

„Сега сите сме сведоци на моментот кога Головкин сака да се обиде да победи во трилогијата, а Алварез сака да го пензионира“, изјави Херн за Boxing24/7.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul Alvarez (@canelo)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON