Еди Херн има план за Џошуа: Сè уште не размислува да го следи Фјури и да оди во пензија

Британскиот тешкаш Тајсон Фјури минатата година двапати загуби од Александар Усик, во мечот за апсолутен шампион во средината на мај, а потоа и во реваншот во декември.

Непоразениот украински боксер оствари уште поубедлива победа во реваншот, бранејќи ги шампионските појаси на ВБЦ, ВБО и ВБА во тешка категорија во тој меч.

„Џипси Кинг“ објави дека се пензионира десетина дена по вториот пораз и покрај тоа што многу се зборуваше за потенцијална голема британска борба против Ентони Џошуа.

Промоторот Еди Херн мисли дека Фјури ќе се врати во рингот, но тој веќе има план за Еј Џеј доколку Џипси Кинг се држи до својата одлука.

Џошуа бара да се опорави од минатогодишниот тежок пораз од Даниел Дубоа, а неговото враќање се очекува некаде налето.

Во меѓувреме, со интерес ќе ја следат борбата за титулата на ИБФ меѓу шампионот Дубоа и Паркер, која ќе се одржи на 22 февруари на настан во Ријад.

Боксерскиот промотер смета дека на поранешниот двократен шампион треба да му се даде уште една шанса да се бори за светската титула.

„Откако Тајсон Фјури се пензионираше, Еј Џеј сега е кандидат број еден за светската титула во тешка категорија. Тоа е 99 проценти од она што тој сака да го направи, нема проблем ако е Даниел Дубоа или Џозеф Паркер“, рече Еди Херн и продолжи:

„Џошуа може да се бори со секого, дури и со Дубоа. Некои велат дека не требало да се бори со Усик. Глупост. Тој беше предизвикувачот и Еј Џеј мораше да ја прифати борбата. Зошто да се откаже од појасот и да биде изложен на критики за избегнување на Усик. Но, сега можам да кажам дека една опција која Џошуа сè уште не ја разгледува е да го следи Фјури до пензија. Сè уште не, но ќе дојде време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON