Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, откри дека резервирал датум на Вембли во мај или јуни за спектакуларен судир меѓу Еј Џеј и Тајсон Фјури.
Двајцата водечки британски боксери во изминатата деценија претрпеа по два последователни порази од Украинецот Александар Усик, но допрва треба да се соочат еден со друг. Таков меч ќе привлече огромен интерес и Херн се надева дека ќе се оствари.
„Имаме резервиран датум на Вембли. Тоа ќе биде во мај или јуни, можеби и јули. Сепак, тоа зависи од Тајсон Фјури. Мора да помине некое време од неговиот пораз и потоа ќе дознаеме кои се неговите планови. „Но, кои други опции постојат?“, коментира Херн.