Еди Херн го повика Тајсон Фјури да се врати во рингот: Можеме да направиме нешто посебно

Последниот голем боксерски настан, кој се одржа во Ријад минатиот викенд, понуди многу интересни и атрактивни натпревари.

Спектаклот го предводеше реваншот за апсолутниот шампион во полутешка категорија во кој Дмитри Бивол му се одмазди на Артур Бетербиев за ланскиот пораз.

Киргистанецот со мнозинска одлука го победи Бетербиев и сега најверојатно ќе се обиде да ја договори нивната трета борба.

Тоа го потврди и Турки Алалших, главниот човек во проектот Сезона во Ријад, а патем најави уште неколку големи борби кои планираат да ги организираат во текот на годината.

Тој исто така истакнува дека разговарал со поранешниот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, и се надева дека ќе се врати од пензија, исто како боксерскиот промотор Еди Херн.

„Џипси Кинг“ лани во декември по втор пат загуби од Aлександaр Усик, а потоа десетина дена подоцна ја шокираше јавноста објавувајќи дека се повлекува од боксот.

Неговата одлука изненади многумина, бидејќи дојде во време кога повторно се разгоре приказната за големата британска пресметка меѓу него и Ентони Џошуа.

„Целиот настан беше многу возбудлив и можеше да се види од Џошуа колку сакаше да се врати во рингот. Мислам дека најдоброто нешто сега би било да организираме реванш против Даниел Дубоа. Еј Џеј би сакал да го направи тоа, сака да добие уште една шанса да се бори за титулата во тешка категорија“, рече Еди Херн и додаде:

„Џошуа да се бори со Тајсон Фјури, но тој моментално е во пензија. Се надевам дека Фјури го гледаше настанот и си ја врати желбата да се врати во рингот. Можеме да направиме нешто посебно. Го почитувам Фјури и неговата одлука. Ако остане на својата одлука, му ја посакуваме сета среќа во животот, а ако се врати, ќе израдува многу луѓе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО