Еди Херн го критикуваше Тајсон Фјури: Сите ве изгира

Тајсон Фјури често велеше дека парите не му се важни, но сега уште еднаш покажа дека тоа му е на прво место.

Имено, кога пропаднаа преговорите за домаќин на боксерскиот спектакл за апсолутниот шампион во тешка категорија во Саудиска Арабија, беше договорено мечот да се одржи во Лондон.

Во тој момент Фјури и неговиот тим побараа поголем процент, бидејќи тврдеа дека британскиот боксер ќе направи повеќе за да ја промовира борбата на својот домашен терен отколку Усик.

„Џипси Кинг“ не сака да боксира против Украинецот освен ако другата страна не се согласи на такса од 70-30 во негова корист.

Усик се согласи со условите на Фјури, но му рече на противникот да плати 1 милион фунти на Украина по мечот.

Во петокот ВБА потврди дека тимовите на Фјури и Усик постигнале договор, а мечот е закажан за 29 април на Вембли.

Боксерскиот промотор Еди Херн размислуваше за новонастанатата ситуација и го критикуваше Фјури.

„Сака само пари, а тие воопшто не се толку големи. И таа борба не е толку голема. Ова е чиста алчност“, рече Еди Херн и продолжи:

„Фјури воопшто не се грижи за своето наследство, ако сакаше да биде апсолутен шампион, немаше да му биде важно да заработи 50 наместо 80 или 100 милиони долари. Сите ве изигра“.

Херн додаде дека многу поинтересна борба ќе има на 1 април кога Ентони Џошуа ќе се бори со Џермејн Френклин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON