Главниот организатор на мечот за апсолутен светски шампион Еди Херн истакнува дека борбата за обединување на титулите во боксот помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури не е загрозена. Сопственикот на Мечрум бокс и промотор на Џошуа реагира на изјавите на Тајсон Фјури и неговиот татко Џон во кои искажуваат загриженост дека последните договорите траат премногу долго и дека се ќе пропадне.
„И борците и нивните тимови ќе добијат понуди до крајот на неделава, ќе има неколку. Мислам дека сме во добра ситуација во моментов. Ги видов коментарите на Џон Фјури. Се чини дека тие не сакаат борба, подобро да покажуваат мал оптимизам“, рече Еди Херн и додаде:
„Сè уште сме опкружени со пандемијата и сме свесни дека не е лесно. Но, ние даваме се од себе секој ден да постигнеме конечен договор, па малку ќе ни се најде и поддршката од Џон и Тајсон“.
Сè уште се подготвуваат понудите за потенцијалните домаќини на натпреварот.
„Откако сите ќе добијат понуди, ќе ја бараме онаа што најмногу одговара на сите. Треба да се договориме за датумот на борбата, а оваа година имаме два меча, првиот налето“, истакна Еди Херн и заклучи:
„Знам дека некој мисли негативно и не сака да успееме, но тоа го правиме цел живот. Сè уште треба да се договориме за местото и датумот на борбата, а имаме неколку добри понуди. Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе ја добијат таа борба“.