Еди Херн ги изнесе шансите на Дубоа во евентуалниот реванш против Усик за апсолутен шампион

Александар Усик неодамна изјави дека сака да има уште неколку борби и потоа да ја заврши успешната кариера. Непоразениот Украинец се приближува до 40 години и постигна се што можеше да постигне, обединувајќи ги титулите во полутешка (2018) и тешка категорија (2024).

Усик минатата година двапати го победи Тајсон Фјури, со што Британецот го испрати во пензија, а сега си постави уште една цел – по вторпат да стане неприкосновен шампион во тешка категорија.

И за да го направи тоа, тој мора да го врати појасот на ИБФ што го ослободи за да го испочитува реваншот со Фјури во декември, титула што моментално ја има Даниел Дубоа.

Британецот во јуни минатата година го победи Филип Хрговиќ и го освои привремениот шампионски појас кој неколку недели подоцна го замени за вистинскиот. Титулата ја одбрани во септември со нокаутирање во петтата рунда на Ентони Џошуа.

Усик и Дубоа се бореа во август 2023 година, а украинскиот борец беше поуспешен. Александар го победи Британецот со нокаут во деветата рунда.

Разговорите за нивниот реванш и нов меч за обединување на титулата се при крај, а потврдата треба да пристигне наскоро. Засега единствено се знае дека мечот треба да се одржи на Вембли.

Боксерскиот промотор Еди Херн деновиве коментираше за потенцијалниот реванш меѓу двата шампиони.

„Веќе некое време се обидуваат да ја договорат оваа борба и сите се вклучени. Тоа е добар меч“, рече Еди Херн и додаде:

„Дубоа има добри изгледи и гори од желба да стане неприкосновен шампион. Искрено сакам мечот да продолжи, тоа ќе биде уште една голема борба за британскиот бокс“.

Договорот за борба, наводно, сега е во завршна фаза, што значи дека Усик за некое време ја одложил задолжителната одбрана на титулата против Џозеф Паркер

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON