Шампионот во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, Ентони Џошуа е задоволен од развојот на нештата во битката меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Нивната борба заврши без победник, што е во корист на ЕЏ, според неговиот промотор Еди Херн, кој уште оваа недела оди во Америка, за да преговара со луѓето од таборот на Дионтеј Вајлдер.
„Работите се развија во наша корист, а така можеме да ја организираме борбата со Вајлдер. Отсекогаш сакавме да се бориме со него, бидејќи тој го држи последниот појас. Ако тој беше нокаутиран од Фјури во втората рунда, тогаш преговорите ќе беа тешки, но по нерешениот резултат доста луѓе мислат дека тој е среќен што ја задржа титулата и мислам дека тоа е во наша полза. ЕЏ е подготвен да се бори со сите. Тој е подготвен во следната борба да се бори со Вајлдер, како и со Фјури, бидејќи отсекогаш сакал битка со него.
Оваа недела одам во Лос Анџелес и ќе преговарам со луѓето од штабот на Вајлдер. Борбата со него е нешто што дефинитивно го сакаме за април и ќе работиме за неа. Зборувавме со Џошуа кога заврши средбата и тој е категоричен дека може да го нокаутира секого што ќе се соочи со него. Бев многу импресиониран од борбата на Фјури и, според мене, тој ја доби борбата со две рунди. Не се согласувам со тврдењата дека ЕЏ веќе не бил главен во оваа категорија, а дефинитивно во следната битка ќе покажеме дека ова не е вистина и дека е фактор во тешка категорија. Претеходно на нашиот список за април беа Дионтеј Вајлдер или Дерек Чисора, но сега на листата влегува и Фјури“, вели Херн.