Промотор на Ентони Џошуа смета дека неговиот клиент ќе go нокаутира Владимир Кличко во претстојниот меч. Средбата е закажана за 29 април во Лондон, а букмејкерите веќе го промовираа за фаворит олимпискиот шампион од Лондон.
„Се надевам дека ова ќе биде борба за титулите на Светската боксерска асоцијација, Меѓународната боксерска федерација и списанието „Ринг“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба пред Божиќ. Ќе застанат еден спроти друг два олимписки шампиони, двајца противници, кои се јавуваат во различни стадиуми на нивната кариера. Од една страна, имаме најжестокиот талент во тешка категорија, а од другата легенда. Мислам дека Џошуа ќе победи со нокаут“, рече Еди Херн.