Шефот за промоцијата Мечрум бокс, Еди Херн, зборуваше за бројните контроверзи на социјалните мрежи околу наследството на украинскиот шампион во тешка категорија, Александар Усик.
Потсетуваме, реваншот меѓу Усик и Тајсон Фјури се одржа на 21/22 декември во Ријад (Саудиска Арабија). Украинецот победи со едногласна одлука (116-112, 116-112, 116-112) и ги одбрани титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО, со што на Фјури му го нанесе вториот последователен пораз.
По оваа победа на Украинецот многу стручњаци и боксери порачаа дека треба да се пензионира. Усик успеа двапати да ги победи Ентони Џошуа, Даниел Дубоа, а потоа двапати Фјури. Херн верува дека тие големи победи го прават најголем.
„Почнуваат да се водат дебати за тоа дали Александар Усик е најголемиот боксер на сите времиња. Да, секако дека тој е најголемиот боксер во историјата. Тој помина речиси преку сите за да стане обединет шампион во полутешка категорија.
Потоа се искачи во тешка категорија и ги победи Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.
Усик ги победи сите тројца најдобри тешкаши во светот. Тоа што го направи е феноменално. Тој е најдобриот боксер на сите времиња“, изјави Херн за ТВ ИФЛ.