Ирски суд осуди боксерски тренер на еден месец затвор откако беше фатен како води тренинг со 15 спортисти во шумата.
Нед Доерти (30) беше обвинет за нарушување на јавниот ред и мир, а судијата ги прогласи неговите постапки за неискрени за луѓето кои живееја во страв од коронавирусot последните 12 месеци „и не ги напуштија своите домови“
„15 луѓе кои боксираа во шумата е начин на ширење на коронавирусот, затоа што не се затворени на изолирано место“, објасни судијата.
Адвокатот на обвинетиот рече дека неговиот клиент ја организирал активноста со мала група пријатели да направат спаринг, во целосна согласност со здравствените мерки за борба против коронавирусот, бидејќи шумата се наоѓа на 5 километри од неговиот дом.