Еден-два победи на Мишела и Маријана Димоски на Државното првенство на Западна Австралија (ФОТО)

Близначките Мишела и Маријана Димоски се најголемите конкурентки меѓу себе во Австралија, а тоа го докажаа и денска на Државно првенство 2018 на Западна Австралија. Мишела е прва во У-21 и прва во сениорки, додека Маријана е втора. 

Во финале Мишела ја соволала Маријана со 3-2, а сите мечеви со останатите противнички ги добиле со 5-0, пренесува нивниот татако Златко Димоски.

Лани Маријана беше прва во сениорки, а Мишела втора, додека а во У-21 не се сменија работите, останаа исти како и сега.

„Ова е прво задолжително натпреварување, следно е Австралија опен 2018 во Сиднеј 19-22 април, па во мај следи Континенталното првенство на Океанија, на кое Маријана и Мишела ќе ја претставуваат Австралија и во сениори и во У2-1“, вели Димоски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON