Боксерот Ебани Бриџис е против обидите да се вклучат трансродовите жени во боксот, нарекувајќи ги опасни по животот на жените.
Бриџис е актуелна светска шампионка на ИБФ во бантам категорија. Таа стекна светска слава благодарение на нејзината отворена природа и жешкиот изглед, кои отворено ги користи за да заработи на Онлифанс.
Бриџис неодамна изрази загриженост за учеството на трансродовите жени во боречките спортови, нагласувајќи ги потенцијалните безбедносни ризици за биолошките жени во боксот.
„Немам ништо против транссексуалците. Бидте такви како што сакате за да бидете среќни. НО РЕАЛНОСТ Е дека природно родена жена и транс жена НЕ се ИСТИ.
Никогаш нема да се согласам трансродовите жени родени во машко да се натпреваруваат во боречките спортови против жени. Ако ме мразат поради моето мислење, не ми е гајле бидејќи тоа е ризик за мојот живот“, напиша Бриџис.
Дебатата околу учеството на трансродовите спортисти во спортот привлече значително внимание во изминатата година. Светскиот боксерски совет (ВБЦ) стана првата голема боксерска организација која размислува за воведување правила за учество на трансродовите лица.
Предлозите на ВБЦ вклучуваа воведување посебна категорија за трансродовите боксери, со приоритет на безбедноста, а истовремено промовирајќи инклузија.
Haha EXACTLY! https://t.co/qv6hQ87rrF
— Blonde Bomber 🥊💁🏼♀️ (@EbanieBridges) June 17, 2023