По поразот од Александар Волков, Грег Харди (6-2-1 НЦ, 3-2-1 НЦ УФЦ) се врати со победа на УФЦ 249 во Џексонвил.
Поранешната американска фудбалска ѕвезда со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27) го совлада претходно непоразениот Јорган Де Кастро (6-1, 1-1 УФЦ).
Борецот од Зеленоротските острови кој во УФЦ дебито го нокаутира Џастин Тафу, се заканина почетокот со десно замавнување. Погоди со низок удар (лоу кик) и беше поагресивен, но без многу конкретен ефект. Седумдесет секунди пред крајот Харди погодува со неколку удари и го доведува противникот во подредена позиција.
Во втората рунда Харди повеќе оди напред, но во текот на сите 5 минути скоро ништо не се случува.
Откако се закани со десен директ и со лоу кик во последната рунда, 33-годишниот Де Кастро не направи ништо поконкретно до крајот, како и Харди кој повеќе одеше напред во оваа разочарувачка борба.
Откако во 2013 година го нокаутира со удар со нога во телото, Ентони Петис (23-10, 10-9 УФЦ) и во реваншот беше подобар од Доналд Цероне (36-15, 23-12).
33-годишниот поранешен шампион во лесна категорија славеше со едногласна одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28) и му го нанесе четвртиот последователен пораз на Каубојот. Петис ја прекина низата од два полседоватлени порази.
https://www.youtube.com/watch?v=aZmf6hBX7cw
https://www.youtube.com/watch?v=qBuQLYsOAdQ