Џудо федерацијата на Македонија на 29 и 30 јануари организира семинар во спортскиот центар Кале во Скопје со Фредерик Демонфакон, ЕЏУ експерт од Франција, носител на мајсторски појас 6 дан, кој е и лидер на проектот „Подобри го својот клуб“.
ЏФМ за прв пат ќе организира семинар посветен на подобрување на работата на тренерите во џудо клубовите.
Предавач на семинарот оваа сабота и недела, покрај Демонфакон, Џејн Бриџ, потпретседател на Европската џудо унија.
Демонфакон ќе оддржи четири сесии практична работа со македонските тренери на тема работа со џудисти на возраст од 12 до 14 години. За разлика од Демонфакон кој своите знаења и искуства ќе ги пренесе на татамите, Бриџ ќе ги информира македонските тренери и клубови за тековните и идни проекти на ЕЏУ.
Во рамките на семинарот ќе им биде обновена лиценцата за работа на постоечките џудо тренери, ќе бидат издадени и нови лиценци за работа на џудо тренерите кои ги исполнуваат условите од Правилникот за едукација и лиценцирање на џудо тренери.
Семинарот е дел од проектот „Подобри го својот клуб“ што се одржува под покровителство на Џудо федерацијата и Европската џудо унија, а истиот е одобрен по направените состаноци во Луксембург.