Утре и во недела во Тирана, Албанија, се одржува Балканското џудо првенство за јуниори, а Македонија ќе настапи со седум натпреварувачи.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
1.Анамарија Стојмиловска-48 кг
2.Азра Заими -52 кг
3.Лилјана Недановска -57 кг
4.Ива Богдановска -63 кг
5.Борјана Поп Атанасова +78 кг
6.Сергеј Димитријоски -60 кг
7.Никола Магдески -73 кг
Репрезентација ќе ја предводи селекторот Александар Фузевски.
Во Тирана ќе.биде присутен и претседателот на ЏФСМ Владимир Трпаноски кој е втор човек на Балканската џудо федерација.