Џудистот Еди Шерифовски ќе учествува на Олимписките игри во Париз

Македонскиот олимписки комитет е информиран дека Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, доделиле вајлд-карта за најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) за учество на Олимписките игри Париз 2024.

„Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонските џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека ова се трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во џудо. Претходно Катерина Николовска во Ридо 2016 и Арбреша Реџепи Токио 2020/21 учествуваа на Олимписките игри, а сега и Еди Шерифовски.

Силно веруваме дека Еди ќе го пружи своето најдобро во Париз и дека заедно со тренерот Горан Мицковски ќе постигнат одличен резултат на претстојните Олимписки игри“, велат од МОК во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО