Џудистката Карла Продан избрана за спортистка на годината во Хрватска за 2020 година

Европската носителка на бронзениот медал во џудо, Карла Продан е прогласена за најдобра спортистка, а ракометарот Домагој Дувњак за најдобар спортист на Хрватска во 2020 година. Наградите ги додели Хрватскиот олимписки комитет.

Продан го освои бронзениот медал во категоријата до 78 килограми на Европското првенство во Прага. Таа освои и сребрен медал на Европското првенство до 23 години во Хрватска.

Дувњак е втор ракометар во историјата кој го освоил ова престижно признаниеа по Ивано Балиќ во 2007 година. Тој беше избран за најдобар играч на Европското првенство во ракомет во јануари, на кое Хрватска го освои сребрениот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON