Џудист од Алжир одби да се бори со Израелец, па веднаш го исфрлија од ОИ во Париз!

Алжирскиот џудист Дрис Месауд (22 години) е исфрлен од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз и се соочува со долгогодишна суспензија, откако денеска одби да се бори против ривалот од Израел, Тохар Бутбул.

Причината за тоа, секако, е војната меѓу Израел и Палестина против која Алжирецот, како голем муслимански верник, протестира. А, колку се силни неговите убедувања сведочи и фактот ова требаше да биде негово деби на едни Олимписки игри.

„Противникот на Бутбул самиот се отстрани од натпреварувањето. Израелската делегација ќе продолжи да се натпреварува со олимписките вредности, веруваме дека на ваквото однесување му нема место во спортот,” наведоа од Олимпискиот комитет на Израел.

И пред три години на Игрите во Токио се случуваа слични ситуации, кои донесоа сериозни последици. Сонародниците на Месауд, џудистот Фети Нурин и неговиот тренер Амар Бенихлеф, беа суспендирани на 10 години бидејќи од идентични причини одбија борба со натпреварувач од Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО