Следниот месец во Ријад ќе се одржи нов голем боксерски настан, „Последното крешчендо“, на чие чело ќе биде реваншот меѓу апсолутниот шампион во полутешка категорија Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.
А во борбата за титулата очекуваме нова пресметка во врвната тешка категорија меѓу шампионот на ИБФ, Британецот Даниел Дубоа и Новозеландецот Џозеф Паркер.
Поранешниот светски шампион на ВБО во текот на својата кариера се бореше против некои од најголемите ѕвезди во дивизијата, а доби можност повторно да го нападне појасот по импресивните победи против Дионтеј Вајлдер и Жилеј Жанг.
Новозеландецот откри како ќе го победи Дубоа пред судирот на 22 февруари во Кингдом арената во Ријад.
„Можам да го надмудрам, а поседувам и моќ да го нокаутирам. Тренирав во тишина, уживав во работата и се подготвував за она што следува“, изјави Џозеф Паркер и додаде:
„Кога ќе влеземе во оваа борба, ќе бидам паметен и брз. Ќе се движам добро. Ќе бидам внимателен, прецизен и агресивен. Ќе го скршам“.
Двајцата се во одлична форма, Дубоа лани во петтата рунда го нокаутира Ентони Џошуа и за првпат ја одбрани светската титула.