Конор Мек Грегор стана инспирација за Ентони Xошуа пред неговиот меч против Тајсон Фјури да ги обедини сите појаси во тешка категорија.
Член на таборот на ЕЏ објави видео на социјалните мрежи во кое боксерот се прогласи за „неприкосновен“ шампион и ја цитира ирската ММА ѕвезда.
„Единствениот, повторно е тука. Доаѓаме за сè… Неоспорен! Не сме тука само за да учествуваме, тука сме да преземеме сè. Лудилото веќе започна!”, рече возбудениот Џошуа додека одеше со својот тим кон салата.
Конор ги кажа овие зборови по средбата со Диего Бренадо во 2014 година. Тогаш Ирецот победи по втор пат со нокаут во првата рунда на неговите први три меча во УФЦ.