Џошуа се сети на спарингот со Фјури: После тоа престана да ме фали

Ентони Џошуа следниот месец по трет пат ќе се обиде да ја освои светската титула.

На големиот настан на Вембли, Еј Џеј боксира против шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа, а победникот најверојатно ќе го има следниот меч против подобриот од дуелот Александар Усик – Тајсон Фјури кој го имаат реваншот во декември во Саудиска Арабија.

Во последниве години Џошуа и Фјури често се прозиваа, но навивачите на боксот беа лишени од одличен британски дуел, но сега, доколку и двајцата ги добијат своите мечеви, нивната пресметка никогаш нема да биде поблиска.

Имено, планот е мечот за апсолутен светски првак да се одржи следната година, а во случај на претходно споменатиот исход, четирите најважни појаси ќе бидат во сопственост на Фјури и Џошуа.

Ентони неодамна беше гостин во поткастот „This Life of Mine“, во кој се присети на спарингот со Фјури, кој вети дека ќе му подари Ролекс на оној што ќе го нокаутира.

„Тогаш не знаев кој е Тајсон Фјури, на улица се зборуваше дека е најдобар тешкаш. И така пристигна во салата и вети кој ќе го нокаутира дека ќе му даде Ролекс. Реков дека може“, рече Ентони Џошуа и додаде:

„Спарингот почна и мислам дека траеше три-четири рунди. Дури и Тајсон во едно интервју тогаш рече дека има дете по име Ентони Џошуа кое е многу добро. Потоа изјави дека мојот удар за малку ќе му ја одзело главата. После тоа престана да ме фали, затоа што му бев зад петици. Почнав да се доближувам до него на ранг-листата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON