Ентони Џошуа синоќа во Лондон го претрпе вториот пораз во кариерата. Британецот загуби на стадионот на Тотенхем пред домашната публика од украинскиот напаѓач Олександр Усик.
Украинецот го победи Ентони со едногласна одлука на судиите и ги освои шампионските појаси на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО. Усик сега веројатно го чека реванш против Џошуа, кој по договор има право да бара возвратен меч.
Љубителите на боксот се надеваа на борба за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, но тоа нема да се случи во скоро време.
Имено, Џошуа ги загуби појасите, додека Ромскиот крал треба да ја брани титулата на ВБЦ на 9 октомври против Американецот Деонтеј Вајлдер.
„Убаво е да не губиш и да имаш шампионски појаси, но искрено, не ми е гајле. Ќе се борам со Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер без разлика дали ги имал или не тие појаси“, рече Ентони Џошуа и додаде:
„Најважно е што луѓето сакаат да ја гледаат оваа борба. Дали би го гледале нашиот меч без тие појаси? Тоа е важно за борба против Фјури. Двајца британски боксери кои сакаат да откријат кој е подобар“.