Двократниот светски шампион во тешка категорија, британската ѕвезда Ентони Џошуа потпиша долгорочен договор со стриминг платформата ДАЗН. Ова официјално го објави ДАЗН на социјалните мрежи.
Потсетуваме дека во последните години борбите на Еј Џеј се емитуваа исклучиво на Скај спортс. Џошуа не се борел од септември минатата година, кога загуби на фудбалскиот стадион на Тотенхем (Велика Британија) со едногласна одлука од Украинецот Александар Усик.
Со тој пораз Џошуа ја загуби титулата во тешка категорија. За 32-годишниот Ентони овој пораз беше втор во кариерата. Реваншот со Усик се очекува да се одржи во август на Блискиот Исток и ќе биде прикажан на ДАЗН ППГ.
„Сега можам целосно да се фокусирам на тоа на фановите и на ДАЗН да им го дадам она што го сакаат. Ќе ви дадам блескави нокаути“, изјави Џошуа по договорот со ДАЗН.