Овој викенд конечно ќе го видиме враќањето на Ентони Џошуа. Британецот во петок ќе го предводи настанот „Нокаут хаос“ во Ријад против Френсис Нгану, тоа ќе биде негова четврта борба во последните 11 месеци.
Одамна не е толку активен, а да потсетиме дека лани одржа дури три меча (Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и Ото Валин), но сега некои почнаа да прашуваат кога ќе ги закачи ракавиците.
Во интервју за Бокс нејшн тој откри кога планира да се пензионира и откри што го мотивира деновиве по најлошата серија во неговата кариера:
„Штом повеќе не ми е гајле… Често се носат глупави одлуки кога зборуваме за пари. Парите не треба да ви бидат движечка сила во ова, треба да сакате да бидете најдобри на светот, тоа е она што ме мотивира. Ќе биде карј штом не е така, штом не ми е грижа и кога мислам дека не можам да се подобрам“.
Поранешниот актуелен светски шампион би можел да ја нападне светската титула доколку го помине големиот Камерунец. Имено, како што веќе пишувавме, главниот човек на саудискиот бокс, неговата екселенција Турки Алалших сака победникот од оваа борба да биде предизвикувач на апсолутниот шампион што треба да го добиеме на 18 мај кога во рингот ќе влезат Тајсон Фјури и Александар Усик.