Џошуа одби да се тргне од патот на Фјури и Усик за апсолутен светски шампион

Тајсон Фјури ќе го брани појасот на ВБЦ во тешка категорија против Деонтеј Вајлдер.

„Ромскиот крал“ ќе има уште еден голем предизвик во кариерата, трет против „Бронзениот бомбардер“, но и последен бидејќи и двајцата боксери најавија дека повеќе нема да се борат меѓу себе.

По овој натпревар, целта на двајцата е да се борат за апсолутен светски шампион против Украинецот Александар Усик, кој неодамна во Лондон го совлада Ентони Џошуа.

Тимот на Фјури предводен од Боб Арум веќе стапи во контакт со менаџерот на Џошуа, Еди Херн и побара од Еј Џеј да се тргне од патот, така што Фјури и Усик можат да ја направат борбата за апсолутниот светски шампион.

Херн тврди дека Џошуа одбил и дека сака да ги врати титулите во реваншот.

„Го споменав предлогот на Боб до него. Јас дури и не ја завршив реченицата, а тој веќе рече дека нема шанси тоа да се случи“, рекол Херн.

Џошуа и Усик би можеле повторно да се најдат во рингот во март или април следната година, а Фјури или Вајлдер ќе го бранат појасот против победникот од дуелот Дилијан Вајт – Ото Валин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON