Џошуа: Ми остануваат не повеќе од пет години

Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа призна дека неговата кариера како професионален боксер е при крај.

31-годишникот е во можеби најважниот период од неговата кариера, бидејќи оваа година може да се сретне со Тајсон Фјури во еден од најочекуваните мечеви на сите времиња.

Во интервју за британските медиуми, Британецот со нигериски корени рече дека нема намера да боксира долго откако ги преполови 30-тите.

„Знам дека не сум на почетокот на кариерата“, рече Џошуа.

„Јас сум при крајот на тоа. Не живеам за момент и немам илузии дека сè ќе остане како што е сега. Секогаш ги планирам моите следни потези.

Имам на располагање уште 5 години. Ова е малку повеќе од олимписки циклус. Значи, по следната Олимпијада, мојот крај скоро ќе дојде и следната генерација ќе биде на врвот“, додаде тој.

Шампионот на ВБА, ВБО и ИБФ зборува и за можниот иден противник Тајсон Фјури.

„Фјури е меѓу професионалците многу подолго отколку јас. И тој треба да размисли за пензија. Ако сака да се бетонира меѓу најдобрите, јас сум тука и го чекам“, додаде Џошуа.

Џошуа дебитираше во 2013 година, една година по освојувањето на олимпиското злато на Игрите во Лондон. Да потсетиме дека Фјури во професионалниот бокс влезе пет години порано – во 2008 година. „Кралот на Ромите“ има подолга визит-карта од престојот во аматерските кругови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON