Џошуа: Ќе го нокаутирам Пулев меѓу 7 и 9 рунда

Ентони Џошуа, кој има 4 светски титули во тешка категорија (ВБА Супер, ВБО, ИБФ, ИБО), за ДАЗН изјави дека се чувствува сигурен и мотивиран пред судирот за појасот. Мечот ќе се одржи во сабота на Вембли во Лондон, Велика Британија.

„Мислам дека сум повеќе мотивиран отколку тој. Оваа битка ми значи сè. Се чувствувам како да се борам за титулата, но сега сум поискусен. Не знам како да го објаснам тоа, се чувствувам како да сум предизвикувач и сум соочен со шампионот. Но, знам дека ќе дадам се од себе за да победам. Што и да покаже Пулев во рингот, мислам дека ќе биде лесно, затоа што сум добро подготвен. Дали ме разбираш“, изјави Џошуа за ДАЗН, а пренесе boxingscene.com.

„ЕЏ“ очигледно добро го проучил противникот. Британецот се изрази во суперлативи за Пулев.

„За мене, Пулев е одличен боксер. Има добра рамнотежа, неговиот стил е типично европски, има силен удар и сака да биде силеџија. Го видов на мечевите со Владимир Кличко, со Хјуи Фјури, со Рандал Букер. Тој сака да ги изнервира ривалите. Но, и јас сум убиец. Иако сум бизнисмен, имам и инстинкт на убиство“, заклучи шампионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON