Џошуа ја потврди одбраната на титулата со Пулев (ВИДЕО)

Ентони Џошуа ја потврди борбата со Кубрат Пулев на 12 декември во Лондон и одбраната на титулите, додека промоторот на Џошуа, Еди Херн најави дека е можно дури и да има ограничен број на гледачи.

На својот профил на социјалните мрежи, 31-годишниот Британец објави видео во кое ја рекламира битката и рече дека е фокусиран единствено на одбрана на титулите против бугарскиот.

За Џошуа, дуелот во „О2 арената“ во Лондон, ќе биде прв меч по победата над Енди Руиз Јуниор во декември 2019, и се очекува да е последната пречка пред двете пресметки со Тајсон Фјури во 2021 година за обединување на титулите во тешка категорија, нормално ако Кобрата не направи изненадување.

https://www.instagram.com/p/CGahQprgJqH/?utm_source=ig_embed

„О2 Арената е вистинското лавовско дувло. Имам многу историја во неа, но без навивачи во неа, нешто огромно ќе недостасува. Навистина се надевам дека можеме да донесеме барем неколку љубители на боксот, но треба да видиме. Го почитувам секој од моите противници, го почитувам и Пулев. Му посакувам се најдобро за време на подготовките за мечот “, изјави Џошуа.

Пулев (28-1) е задолжителен противник на Џошуа од ИБФ федерацијата и требаше да боксува со Британецот уште во 2017 година во Кардиф, но се повлече поради повреда.

„За мала земја како Бугарија да се добие шанса да се освои титулата во тешка категорија е големо остварување. Овој мече за мојот покоен татко и сите Бугари низ целиот свет. Доаѓам во Лондон по титулата“, изјави Пулев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON