Александар Усик изминатиот викенд на боксерскиот спектакл во Џеда ги одбрани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија.
Во реваншот, украинскиот борец со едногласна одлука на судиите го победи Британецот Ентони Џошуа.
Усик уште еднаш со одлична тактика стигна до триумфот и потврди дека моментално е меѓу најдобрите техничари во светот.
А Џошуа по поразот во првиот момент чудно се однесуваше како да има психички слом.
Камерите го следеа изливот на емоции на Ентони, на кој му претходеше фрлање на појасите и луто заминување од рингот, па враќање назад, па го зеде микрофонот и почна да се справува со критичарите.
Зборуваше за своето минато, а повремено застануваше и бараше овации за Усик, кому исто така сето тоа му беше малку чудно.
Пријателите на Џошуа најпрво се извинија за неговиот испад, а потоа и самиот на прес-конференција изјави дека бил лут и распукал под притисок.
Подоцна и на на социјалните мрежи се извини за однесувањето.
„Му посакувам на Усик успешно продолжување на походот да стане великан. Ти си вистински шампион.
Вчера морав ментално да се одведам на темно место, за да се натпреварувам за светските титули.
Имав две борби, едната против Усик, а другата со себе. Ги загубив двата меча.
Јас ќе бидам првиот што ќе признаам дека се изневерувам. Моето однесување беше одраз на страст и емоции, а кога не го контролираш тоа, не е добро.
Премногу го сакам спортот и отсега ќе бидам подобар. Почит“, изјави Ентони Џошуа.