Џошуа и Пулев во Британија до крајот на годината

Мечот за светската титула во тешка категорија меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа може да се одржи во помала сала и пред помалку гледачи во Велика Британија, најави промоторот на Џошуа, Еди Херн. Според него, приоритет е дуел што ќе се случи на британско тло, дури и ако тоа треба да се случи пред помалку гледачи, што ќе доведе до пониски приходи од продажба на билети.

Средбата првично беше закажана за 20 јуни на новиот модерен стадион на Тотенхем, но пресметката беше одложена на неодредено време поради пандемијата со КОВИД-19. Сè уште не е јасно кога земјата ќе може да одржува спортски настани пред публика, но таборот на Џошуа е решен да го организира мечот на своја земја.

„Ние работиме со идеја дека нема да има начини како да се одржи дуелот во објект со големина на стадионот на Тотенхем. Нашиот апсолутен приоритет е натпреварот да го направиме во Велика Британија. Ќе биде одлично за спортот да се врати токму овде, да се врати бизнисот, да има натпревар за светска титула во нашата земја“, изјавил Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON