Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа допрва треба да го потпише договорот за „Битката за Британија“ што му го испрати Тајсон Фјури.
Ова го изјави промоторот на боксерот Еди Херн, кој рече дека има недоречености во договорот кои треба да се проверат.
Неколку дена по неговиот втор последователен пораз од Александр Усик минатиот месец, Џошу доби понуда од сонародникот Тајсон Фјури за борба во декември. Еј Џеј првично не сакаше да ја прифати дарежливата покана на Кралот на Ромите, а покрај многуте ветувања дека брзо ќе ги потпише двата договори, работите се уште се бавно одат.
Еди Херн веќе беше дел од договорот Фјури-Дилиен Вајт на почетокот на годината, но се чини дека понудата на шампионот на ВБЦ овојпат не се совпаѓа со ставовите на Херн.
„Двете страни се согласија да ја направат својата длабинска анализа и да работат на договорот за мечот. Минатиот викенд добивме копија од договорот, но ништо не беше јасно од него“, објасни претседателот на Мечрум боксинг.
„Не поминува ден да не ја слушнеме другата страна и да не ги испегламе работите. Според мене, Тајсон Фјури и луѓето околу него сакаат да не успорат, но треба да знаат дека нема да потпишеме договор кој не е во најдобар интерес на Ентони.
Се уште немаме договор за пренос на борбата. Ние работиме со ДАЗН, а тие со БТ спорт. И тука имаме уште многу работа. Ова е голем меч кој ќе се распродаде за помалку од 24 часа. Не брзаме. Имам впечаток дека Тајсон ги прави овие работи намерно за да може да се повлече од договорот“, рече Херн.