Џошуа го предупреди Нгану: Јас сум моќен удирач кој крши луѓе, еднаш уништив кариера

Поранешниот светски боксерски шампион Ентони Џошуа следната борба ја има на 8 март против Френсис Нгану.

Британецот деновиве го предупреди поранешниот шампион на УФЦ дека ги уништува противниците, а еднаш дури и уништил кариера.

Минатата година Нгану дебитираше во боксерскиот ринг против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури, а со својот настап ги воодушеви љубителите на боксот.

Камерунскиот удирач беше рамноправен противник, па дури во третата рунда го собори Фјури. Но, на крајот победи Џипси Кинг со поделена одлука.

„Слушам дека Џошуа нема силна брада. Не знам дали е тоа вистина или не, но ќе дознаеме, тоа ме интересира. Се надевам дека ќе имам шанса да го тестирам. Ова е она што го сакам“, рече Френсис Нгану на прес-конференцијата пред неколку дена.

Џошуа е свесен за ризиците при договарањето на борбата со Нгану, па не треба да има сомнеж дека сериозно ќе го сфати натпреварот против силниот Камерунец.

„Луѓето се уште ме потценуваат, како да можат само така да ме притиснат, бидејќи мислат дека можеби сум психички нестабилен. А колку и да го промовираат Нгану, тој прво треба да помине покрај мене. Дури сега ќе влезе во рингот против некој што знае да се бори“, рече Ентони Џошуа и подвлече:

„Јас сум моќен удирач кој ги крши луѓето. На Валин му ги скршив носот и коската на очната шуплина, на Хелениус му засвете пред очите, а на Дилиен Вајт му ја уништив кариерата со еден аперкат. Списокот продолжува. Нгану ќе го почувствува тоа што го носам во рингот и тој сега треба да се справи со тоа. Тој бараше борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON