Од светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа беше побарано да каже кои фудбалери би биле одлични боксери. Британецот веднаш именуваше две легенди на неговиот омилен Манчестер Јунајтед – Рој Кин и Ерик Кантона.
„Ако требаше да изберам кој ќе биде одличен боксер, тогаш тоа ќе беше Рој Кин. На Манчестер Јунајтед му треба некој како него да ги реши нивните проблеми и да каже како стојат работите. Во боксот, овој тип на човек е многу неопходен“, рече Џошуа.
Тој истакна и дека друг ексцентричен фудбалер би бил одличен боксер – Ерик Кантона.
Во 2020 година Џошуа имаше само еден меч против Кубрат Пулев и победи со нокаут во деветата рунда. Британецот веќе ги започна подготовките за пресметката со Тајсон Фјури оваа година.