Џошуа: Фјури може да размислува за пензија

Британскиот боксер Ентони Џошуа, изјави дека не стравува од дуел со својот сонародник Тајсон Фјури, туку со нетрпение го чека.

-Фјури е професионалец, многу повеќе отколку што сум јас. Треба да размисли за заминување во пензија, изјави шампионот во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО.

Тајсон Фјури е професионалец од декември 2008 година, а првата светска титула ја освои седум години подоцна. На Џошуа за ваков резултат му беа потребни три години.

-Не се плашам, сакам да излезам и да се докажам, покажам кој сум и колку можам. Погледнете ги моите резултати, тие покажуваат дека сум сериозен. Ако треба да боксувам против Фјури, тогаш јас се радувам на таа борба, вели Џошуа.

Наводно, овие двајца боксери ќе ги одмерат силите во 2021 година. Пред тоа Џошуа ќе влезе во рингот со Кубрат Пулев, а Фјури го чека третата борба со Американецот Дионтеј Вајлдер.

-Ќе го предизвикам Фјури, ако е потребно и Вајлдер. Тие нема да бидат најголемите имиња против кои сум боксувал. Кога ќе бидат подготвеи нека се јават, јас сум тука, заврши Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON