Џош Тејлор стана жива легенда во светот на боксот, успевајќи да ги земе сите четири појаси во суперлесна категорија, како и да го подигне трофејот Мухамед Али во финалето на турнирот од Светската боксерска супер серија.
Но, на сите бајки им доаѓа крајот, при што Шкотланѓанецот го претрпе првиот пораз во својата професионална кариера од Теофимо Лопез на почетокот од овој месец.
Борецот објави дека решил да се искачи во повисока категорија и да отвори ново поглавје во својата гламурозна кариера. Говорејќи за Бокс њуз.
Тој веќе ја гледа конкуренцијата во својата нова дивизија и ќе може да види двајца од нив како се судираат кога Ерол Спенс Јуниор и Теренс Крафорд ќе се борат во јули.
Говорејќи за Роб’с ворлд оф бокс, тој ги сподели размислувањата за борбата и неговото верување дека Крафорд е најдобриот борец на планетата во моментов.
И двајцата се најдобри во полусредна категорија и јас како потенцијален иден противник и на двајцата ќе гледам како на љубител на боксот, но со интерес како на можен противник во иднина“.
„Спенс е многу добар и методичен во начинот на кој работи на својата работа и ги разбива луѓето, но за мене Крафорд е најдобриот борец на планетата во моментов. За мене тој може да направи се. Мислам дека тој има само малку повеќе во својата борба, но тоа ќе биде навистина интересна борба“.