Неприкосновениот светски шампион во лесна категорија – Џорџ Камбосос, на крајот на пролетта ќе ги израдува своите фанови.
28-годишниот Австралиец најави дека неговиот следен меч ќе се одржи во мај, а за „Императорот“ се интересираат две имиња – Девин Хејни и Васил Ломаченко.
Камбосос сака неговиот следен меч, во кој ќе ги брани светските титули, да се одржи на стадион во Сиднеј или Мелбурн, Австралија.
„Јас сум исклучително тврдоглав“, изјави шампионот за локалните медиуми.
„Стигнав до врвот на планината и сега ќе направам се за да останам таму. Кога нешто е мое, сакам засекогаш да биде мое.
Мојата следна битка ќе биде во мај. Сè уште не знаеме против кого и каде точно, но во мај времето е добро и се надевам дека тоа ќе биде стадион во Сиднеј или Мелбурн“.