Поранешниот светски шампион во лесна категорија Австралиецот Џорџ Камбосос Јуниор со едногласна одлука го победи сонародникот Џејк Вајли на боксерски настан во Сиднеј.
Ова беше особено важна борба за Камбосос, бидејќи се надева дека ќе се врати на врвот во дивизијата. Но, тој имаше тежок противник во Вајли, кој влезе само пет дена претходно како замена за Дауд Јордан.
Вајли веднаш ја презеде средината на рингот и се обиде да се закани, но во последната минута од првата рунда Камбосос брилијантно возврати и со еден добар удар во телото го затресе противникот.
Продолжението понуди жестока акција и фантастични комбинации, а гомосвките удари на Камбосос, особено неговите леви крошеа, му правеа се повеќе проблеми на Вајли.
Како што одминуваа рундите, Камбосос го намалуваше ритамот, што неговиот сонародник се обиде да го искористи. Вајли зема замав и неколку пати му се закануваше на поранешниот шампион, особено во шестата рунда.
Крвта почна да тече по лицето на Камбосос во деветата рунда по несреќениот судир со глави, но тоа не го спречи Џорџ да биде уште поактивен.
https://twitter.com/DAZNBoxing/status/1903414382031175779
Поранешниот шампион во последните три рунди со одлична тактика ја контролираше борбата. Вајли продолжи да напаѓа, а во 11. рунда го изненади Камбосос со лево кроше.
Последнат рунда Камбосос ја боксираше рутински, а на крајот беше во водство кај сите тројца судии -117-111, 117-111 и 115-113.
Неговиот следен противник треба да биде шампионот на ИБФ во суперлесна категорија, Ричардсон Хичинс, а борбата би можела да биде договорена подоцна оваа година.