Џонс против Миочиќ на УФЦ 295 во ноември

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги потврди плановите на УФЦ да организира борба меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ во Њујорк.

Вајт и неговите луѓе во моментов го планираат настанот УФЦ 295 кој ќе се одржи во ноември во легендарниот Медисон сквер гарден. Таму Џонс планира да ја заврши кариерата откако ќе се соочи со Миочиќ.

Во март Џонс го направи долгоочекуваното деби во тешка категорија. Брзо го реши поранешниот привремен шампион Сирил Гане и ја освои слободната титула во тешка категорија. Веднаш по неговата победа,Џонс го предизвика Миочиќ, кој го прифати предизвикот.

Првично зборуваа за борба во јули, но работите се одложија. Постои голема можност и двајцата да се пензионираат по оваа борба.

„Сигурен сум дека Џонс го сака Стипе Миочиќ. Луѓето го гледаат Миочиќ како најдобар во оваа тежинска категорија. Џонс очигледно го гледа истото. Мислам дека тоа е она што го сака Џон.

Сака убедливо да го победи. Да, тоа е она кон што се стремиме. Размислуваме за таа борба во ноември во Њујорк“, изјави Вајт за Спорт илустрејтид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON