Видовме многу тензии меѓу Џон Џонс и Том Аспинал во изминатите неколку месеци. Откако Аспинал го победи Картис Блејдс ова лето, тој почна да го прозива Џонс, а во еден момент фановите почнаа да велат дека не ги интересира Миочиќ, туку сакаат да ги гледаат Џонс и Аспинал.
Иако Аспинал не кажа ништо вулгарно или понижувачко, се чини дека Џонс сосема лично ја сфатил желбата на Аспинал да се изедначи со него. Оттогаш, Џонс не престана да го „спушта“ Аспинал каде и кога може, а пред некој ден му порача дека никогаш нема да ја брани титулата толку пати колку што ја бранел. Аспинал му одговори:
„Не сакам ни да ја бранам титулата толку пати како тој, само сакам да станам полноправен светски шампион. Не ме интересираат тие работи. Сакам да заработам колку што можам повеќе пари, во најкус можен рок, а потоа да се пензионирам. Сакам да излезам здрав од овој спорт. Штом ќе го постигнам она што сакам да го постигнам, не ме интересира да бидам најдобар тешкаш, не ме интересира да се борам во четириесеттите. Не ми е гајле“, му одговори Аспинал на Ариел Хелвани.
Аспинал е на добар пат да ја оствари својата цел, но би било штета доколку се повлече додека е во слава. Тој е атрактивен тешкаш, како што денес ги нема многу, но на крајот на денот одлуката е негова и ќе биде како што ќе одлучи.
Дали некогаш ќе има борба меѓу него и Џонс, останува да видиме. Многу е можно и Стипе и Џонс да се пензионираат по нивната борба, но и тоа останува да се види.