Џонс и Миочиќ се подготвени за мегасудир, но сега на ред е УФЦ

Џон Џонс ја освои титулата на УФЦ во тешка категорија откако го заврши Сирил Гане во првата рунда од нивната борба. Веднаш по победата, „Коски“ му фрли ракавица на Стипе Миочиќ, кој беше на трибините во Лас Вегас.

„О, ајде бејбе! Сакате да видите како го победувам Стипе? Едно знам за УФЦ, тие им даваат на навивачите она што сакаат да го видат. Стипе Миочиќ, ќе одам да тренирам, здраво. Ти си најголемиот тешкаш на сите времиња и токму тоа го сакам. Те сакам толку многу!“, рече Џонс од центарот на октагонот.

Ден претходно и самиот ветеран призна дека сака да добие шанса да ја врати титулата, без разлика дали победник во борбата е Џон Џонс или Сирил Гане. Сега ова прашање не е на дневен ред, но време е федерацијата да го реализира судирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON