Џони Нелсон: Фјури не верува дека може да го победи Усик, а пораз на Џошуа може да значи крај на неговата кариера

Следниот викенд се очекува бората на поранешниот светски шампион во бокс, Ентони Џошуа, која би можела да одлучи за продолжувањето на неговата кариера.

Имено, поранешниот светски шампион, а сега боксерски коментатор Џони Нелсон смета дека Ентони Џошуа би можел да се повлече од боксот доколку загуби од Џермејн Френклин.

Триесет и тригодишниот Џошуа се враќа во рингот на 1 април на настанот во лондонската О2 арена, по двата порази од Александар Усик.

„Се прашувам што е следно за Ентони Џошуа, бидејќи мора да си ја врати самодовербата по двата тешки порази. Мора да има одговори на прашањата: Кој сум јас? Дали припаѓам овде? И дали го сакам тоа?“, рече Џони Нелсон, а потоа продолжи:

„И обично, кога борците ги чека тешка борба, тоа ќе ви каже колку се гладни и колку навистина сакаат да успеат. Џошуа сега е во таква ситуација во пресрет на мечот против Френклин. Мора да биде паметен, доминантен и остар“.

Нелсон истакнува дека Еј Џеј треба да работи на својата самодоверба што е можно повеќе. И тој е способен да го направи тоа, бидејќи во спротивно не би бил двократен шампион.

„Доколку Џошуа загуби, тоа може да значи крај за него. Сега го чека тешка работа, како да се качува на планина. Тој бил таму и претходно и знае колку е тешко да се стигне до врвот. Не знам како може да преживее нов пораз, па му треба победа“.

Поранешниот шампион се осврна и на пропаднатиот договор за меч меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик во кој двајцата би се бореле за титулата апсолутен шампион во тешка категорија.

„Мислам дека Фјури би го победил Усик, но Тајсон не веруваше во тоа, па сам се исфрли од таа борба. Го доби тоа што го сакаше, 70-30 хонорар поделен во негова корист. Што и да беше последната капка, тој само бараше да го добие она што го сака. На крајот, Усик реши да го спречи тоа и му рекол „ти не си крајот на моето виножито“! И тука заврши разговорот“, подвлече Џони Нелсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON