Мотивите на Тајсон Фјури да ја прифати борбата со Френсис Нгану изгледаат очигледни – пари.
Големи пари се заработуваат во борбите меѓу боксери и ММА борци. Многу од навивачите плаќаат за да видат кој ќе победи. Џон Фјури се насочи кон потенцијална борба меѓу неговиот син и Џон Џонс, замислувајќи борба која оди подалеку од боксот и во областа на ММА.
Тајсон и Џонс претходно навестија за presmetka, но се чини дека логистичките предизвици ги ставија кочниците на разговорите. Фјури моментално се подготвува за борба против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану. Тие ќе имаат боксерски меч на 28 октомври во Саудиска Арабија.
Џон Фјури веќе предвидува спектакуларна борба со Џонс по борбата со Нгану. Во интервју за Секандс аут таткото на Фјури рече дека сака борба меѓу Тајсон и Џонс без правила. Џон Фјури верува дека Тајсон е способен да победи.
„Не сакам да гледам боксерски меч меѓу нив. Сакам да ги видам двајцата мажи во кралска битка. Сè нека биде на заложено, а на крајот нека се испарви најдобриот. Тајсон може да го направи тоа.
Тајсон ќе ги исшутира вашите топки колку ви е грбот. Ќе те спушти со лакт и ќе ти го скрши лицето. Веројатно ќе ви го одгризе едното уво“, изјави Џон Фјури.
Зборовите на Џон Фјури го нагласуваат неговото верување дека Тајсон има вештини и упорност да се истакне во мешаните боречки вештини против противник како Џон Џонс.