Џон Џонс не издржа и излезе со навредлива објава за Том Аспинал.
Во последните месеци Аспинал не престанува да повикува на борба со Американецот. Во март 2023 година „Коски“ го освои неприкосновениот шампионски појас во тешка категорија откако го победи Сирил Гане. Тој требаше да го брани појасот против Стипе Миочиќ кон крајот на минатата година, но се повлече поради повреда. Дана Вајт создаде привремена титула, која Аспинал ја освои откако го нокаутира Сергеј Павлович.
Том неодамна ја одбрани привремената титула откако го победи Картис Блејдс. Оттогаш британската ѕвезда не престана да ја брка борбата со Џонс, кој му ја прекина низата. „Коски“ сака да се бори со Стипе Миочиќ, а Дана Вајт ја поддржува таа борба и ја закажува за ноември во Њујорк. Сепак, Аспинал продолжува да го притиска Џонс, а фановите веќе застанаа зад Британцот.
Многу фанови пишуваат дека Џонс се плаши од Том. Очигледно овие коментари го изнервирале Џон, кој збеснал и на социјалните мрежи го напишал следниот коментар:
„Овој пријател буквално секоја недела ми го лапа мојот голем црн к*р. Поласкан сум. Гарантирам дека нема да освои повеќе титули од мене. На крајот на денот, тоа е она што е важно. Имаше многу шампиони, но никој не е беше како мене, цврсто спијам секоја вечер“, напиша Џонс.
Очигледно Џонс е категоричен дека нема да се бори со Британецот.
View this post on Instagram