Џон Џонс смета дека многу ќе научи од мечот меѓу Нгану и Гане

Френсис Нгану на 22 јануари на УФЦ 270 го брани појасот во тешка категорија против Сирил Гане.

Ова ќе биде прва одбрана на камерунскиот удирач на титулата освоена во март минатата година со нокаут против Стипе Миочиќ.

Нгану ќе ја брани титулата против поранешниот соборец, кој во август го победи Дерик Луис во меч за привремената титула.

Некогаш тренираа заедно во ММА Фектори и добро се познаваа.

Нгану во меѓувреме ја раскина соработката со тренерот Фернандо Лопез и се пресели во Америка за да се приклучи на Xtreme Couture Gym и тренерот Ерик Никсик.

Мечот за титулата во тешка категорија со посебен интерес ќе го следи Џон Џонс. Еден од најголемите ММА борци се уште го чека своето деби во тешка категорија.

Неодамна на својот Твитер го коментираше мечот меѓу Нгану и Гане.

„Навистина не знам кој би можел да победи. Возбуден сум што ќе го гледам тој дуел. Ќе научам многу за двајцата, без разлика како ќе заврши натпреварот“, напиша Џон Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON