Џон Џонс се уште се надева на меч против Стипе Миочиќ, но не во јули: Тоа се игри на УФЦ

Пред неколку дена на социјалните мрежи беа објавени неколку слики од екранот на The Pivot Podcast и снимени се во просториите на организацијата УФЦ, кои содржат записи од натпреварите кои промоцијата планира да ги организира.

Гостин на емисијата беше претседателот на УФЦ, Дана Вајт, одговарајќи на актуелни прашања од светот на ММА спортот.

На еден од настаните беа спомнати имињата на Стипе Миочиќ и Џон Џонс.

Имено, нивниот потенцијален меч беше под табличката на УФЦ 277 настанот кој треба да се одржи на 30 јули. Но, може да се забележи дека на крајот од секое име има густа црвена точка.

Некои сметаат дека тоа значи меч кој бил планиран за тој настан, но бил одложен. Само раководството на промоцијата знае што претставуваат овие точки.

Џон Џонс деновиве изјави дека потенцијалната средба против Миочиќ речиси сигурно нема да се одржи во јули.

„Се надевам дека ќе се борам со Стипе Миочиќ, можеби во септември. Не знам, тоа се игри на УФЦ“, изјави Џон Џонс во директен пренос на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

Боунс во објава на Твитер минатата недела напиша дека натпреварот против Миочиќ би можел да се одржи за само неколку месеци.

„Стипе вели дека ќе биде на врвот на својата форма во септември. Разочаран сум, но трпелив. Ќе излажам ако кажам дека не сум разочаран. Го сакам најголемиот тешкаш во неговата најдобра форма. Ќе почекам до септември. Без оправдување“, напиша Џон Џонс во објава на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON