Џон Џонс почна да тренира за големата борба со Стипе Миочиќ: Уште 16 недели да станам ѕвер!

Иако последниве денови во медиумите се појавија сомнежи за враќањето на Џон Џонс во октагонот на УФЦ, кои самиот тој најмногу ги засилуваше со тврдењата за нови повреди, се чини дека „Коски“ сепак ќе се врати на закажаниот термин (11 ноември) и конечно да се соочи со Стипе Миочиќ во долгоочекуваниот меч за монументално наследство.

Ваквиот заклучок, всушност, произлегува од завчерашната објава на Џонс (два дена пред неговиот 37 роденден) на Х, во која со боречката јавност сподели две видеа од домашниот основен тренинг и ги дополни со соодветен текст.

„Утре ќе имам 37 години! Имам 118 килограми 16 недели пред мојата борба со најуспешниот тешкаш во историјата на УФЦ. Се чувствувам како да сум во добра форма непосредно пред почетокот на тренинг кампот. Во овие видеа, мојата форма е далеку од перфектна, но задоволен сум од операциите што ги имав неодамна, имам уште 16 недели да станам ѕвер и токму тоа ќе го направам“, напиша актуелниот шампион на кралската категорија на УФЦ, кој, според тоа, влезе во 37-мата година од неговиот живот.

Во каква форма е Џонс, односно како прави склекови и вежба за стомачни мускули можете да видите во следните видеа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON