Џон Џонс од ПФЛ доби неверојатна понуда да се бори со Френсис Нгану

Џон Џонс минатата година го победи Стипе Миочиќ и го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија, а многумина очекуваат дека еден од најдобрите ММА борци на сите времиња конечно ќе се соочи со Том Аспинал.

Имено, Англичанецот повеќе од една година го поседува привремениот шампионски појас. Аспинал ја освои титулата во ноември 2023 година на УФЦ 295 кога со нокаут во првата рунда го победи Сергеј Павлович.

Исто така, беше убедлив и шест месеци подоцна кога го нокаутира Картис Блејдс по само шеесет секунди на настанот УФЦ 304 во Манчестер. Том цело време го прозиваше Боунс кој не размислуваше премногу за тоа.

Фронтменот на УФЦ, Дана Вајт, објави дека преговорите за нивниот меч се при крај, но Аспинал тврди дека договорот е во застој со Џонс кој бара подобри финансиски услови.

Но, се чини дека Џонс добил многу примамлива нова понуда за потенцијален меч со поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану.

Камерунецот ја напушти најголемата светска ММА организација на почетокот на 2023 година и потпиша за ПФЛ во мај истата година.

Нгану потоа договори боксерски мечеви против Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, а минатиот октомври се врати во ММА и го победи Ренан Фереира со нокаут во првата рунда во супер борба за шампионската титула на ПФЛ во тешка категорија.

Во една неодамнешна објава на X, основачот на ПФЛ, Дон Дејвис, му понуди на Џон Џонс повеќе пари отколку што, наводно, барал за борба против Том Аспинал.

„Знам еден начин на кој Џон Џонс може да заработи 50 милиони долари… Френсис Нгану“, напиша Дон Дејвис во објавата, а потоа додаде:

„Нека се одлучи кој е вистинскиот ММА шампион во тешка категорија и најдобриот борец во светот. За љубителите на ММА тоа би била борба на деценијата“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON