Џон Џонс ја коментира својата контроверзност со антидопинг агенцијата УСАДА и ја декларира посветеностa на фер спортот.
Неодамна беше откриено дека УФЦ и УСАДА се разделуваат откако нивниот договор истекува на 31 декември оваа година. Двете страни преговараа, но УФЦ реши да тргне по друг пат.
УСАДА тврди дека Конор Мек Грегор е коренот на нивното разделување со организацијата. Очигледно Џонс е задоволен од оваа разделба бидејќи посвети цел пост на неговите проблеми со УСАДА.
Во 2016 година Џонс беше суспендиран од УСАДА откако падна на допинг тест. Потоа бил позитивен на кломифен и летрозол. Во 2017 година, Џонс се врати и го нокаутира Даниел Кормиер.
По бробата се испостави дека има туринабол и го чекаа 4 години казна. УСАДА го оправда, но победа над Кормиер беше поништена.
„Момци, го преживеав времето на УСАДА. Отпрвин рекоа дека е моја вина што имам пикограми. Потоа рекоа дека сум невин и ги прогласија пикограмите за дозволени.
Погодете што сè уште сум тука и сè уште сум непоразен. Да се преврти мојата победа во борбата со Кормиерф е тотална глупост.
Никогаш не сум мамел во овој спорт и ќе продолжам да го правам тоа до денот кога ќе умрам“, напиша Џонс.
View this post on Instagram